Always low prices and perfect quality
Ние нудиме навремена , квалитетна и брза монтажа на секој наш производ.
Компанијата „Прима Промет Инженеринг“ во својот изложбен салон спачва нуди голем избор на различни видови за секаква намена. Долгогодишното искуство ни овозможува да направиме вистински и правилен избор на добавувачи за да ја исполниме секоја желба на клиентот.
За подовите се грижи квалитетно одбрана екипа од повеќе мајстори кои имаат поминато обука во сите компании кои Спачва ги застапува во македонија. Специјализирани сме за монтажа и обработка на секаков тип на под.
Уникатна понуда: Стругање на подот без прашина. Користиме најнови машини за стругање на подот кои се дирекно поврзани со индустриска правосмукалка и со тоа не создаваме никаква прашина или било каков отпад во вашиот дом.
Како официјален застапник на германскиот бренд за масло OSMO ние нудиме целосна едукација за ваквиот тип на заштита. Доколку се занимавате со производство или обработка на дрво за било која намена а сакате да му дадете оптимална , квалитетна и 100% природна заштита контактирајте не а ние ке ви помогнеме да го одберете вистинскиот производ за вашите потреби а истовремено ке ве едуцираме како истиот се користи.