Често поставувани прашања
Да, можете. Производите на Osmo доаѓаат во разни бои и нијанси.
За разлика од многу класични лакови, поправката на подот заштитен со OSMO производ не бара целосно стругање на подот. Ако е мала штетата со нанесување на тенок слој од истиот производ вашиот под е веќе поправен. Доколку штетата е поголема, го изолирате оштетениот дел на подот го брусите додека подот се врати во природна состојба и повторно нанесувате 2 тенки слоја од постоечкиот Osmo производ.
Некои типови на тврди дрва, како што се Jatoba и Merbau, имаат висока густина и висока содржина на масло, што ја намалува нивната способност за апсорпција на премази. Ние препорачуваме премачкување на вакви видови дрво со Wood Wax Finish Clear Extra thin или Osmo Polyx Oil-2k pure , бидејки пенетрираат длабоко во дрвото.
Доколку сте користеле премногу масло Osmo Hardwax, времето на сушење ќе биде значително подолго. Ако тоа ви се случи, погрижете се за дополнителна вентилација со отворање на прозорците и вратите за да може производите да се сушат на природен начин со оксидација. Ако штетата е предизвикана како резултат на нанесување премногу масло површината поправете ја како што е наведено погоре.
Ако нанесете премногу тенок слој, на површината може да се појават дамки од вода, дрвото може да се исуши или да изгледа досадно. Во овој случај, препорачуваме додавање на маслото Osmo Hardwax.
Површината треба да се бруси со сите гранулации почнувајки од 40 завршувајки со 150-180. Површината мора да биде чиста, сува (содржина на влага не надминува 20%) и да не е замрзната.
Да, со мешање на боите можете многу лесно да ја добиете посакуваната нијанса на вашиот под или мебел изработен од дрво.
Да, маслото Osmo UV Protect содржи специјални безбојни состојки кои, кога се применуваат правилно, обезбедуваат дрво со одлична заштита од УВ зраци. Osmo UV Protect истотака значително го успорува процесот на посивување на дрвото.
Да, Оsmo како и секоја друга заштита за дрво е подложна на гребаници и штета. Но, за разлика од сите други заштити Osmo може да се поправи и корегира многу лесно. Корекцијата може да биде извршена од стручни лица, но и од индивидуален купувач.