Зошто OSMO?
Едноставно нанесување

Масла со тврд восок кои може да се нанесат без основен премаз. Доволно е да се нанесат тенки слоеви со што се зголемува приносот на производот. Одлична моќност на обложување благодарение на високата содржина на цврсти материјали. Не остава траги при нанесување. Беспрекорна апликација е исто така можна и на поголеми површини

Предности на микропорите

Маслото ги исполнува порите на дрвото и го штити од продорот на вода, меѓутоа не формира непропуслив слој.Дрвото останува микропорозно и продолжува да апсорбира и испушта вода без штетни последици. Микропорозното дрво може да дише и го подобрува квалитетот на воздухот.Поради своите антистатички карактеристики OSMO e одличен производ за луѓето со алергии.

Природни состојки

Сите осмо премази за дрво се базирани на Масла и Восоци: Сончогледово масло , Карнауба и канделила восок , Ленено семе , Масло од соја и масло од трн. Маслото е базирано на прочистени и сирови материјали. Врзувачките агенси на осмо се базирани на природни масла од билки кој длабоко пенетрираат во дрвото и го штитат од внатре.

Споредба со други продукти

Osmo – Систем кој ги спојува сите предности

Го штити дрвото одвнатре. Не формира затворен заштитен слој. Формира заштитна, микропорозна површина. Предности: Премазот продира длабоко во внатрешноста на дрвото и ја штити неговата површина. Ја задржува природната боја на дрвото. Отстранување на флеките мозе да се изведе на многу едноставен начин. Премазот не пука не се вади и не се лупи. Има одлична отпорност на вода. Лесно е за одржување.

Традиционални премази базирани на масло

Го штитат дрвото од внатре Не формираат заштитен слој и површина Предности : Маслото продира во дрвото и се врзува со него. Го нагласува природниот изглед на дрвото. Одстранувањето на флеките е едноставно. Не пука , не се отстранува и не се лупи. Недостатоци : Недоволна отпорност на влага и вода Бара многу време за одржување

Лакови и премази базирани на вода

Го штити дрвото однадвор. Формира заштитен , дебел надворешен слој. Предности: Добра отпорност на течности. Штити од абење. Лесно за одржување. Nedostatoci Обновување на заштитниот слој е можно само со стругање Лакот пука , се вади и се лупи.

Нанесување

Корисни совети

Конструкциска заштита на дрвото. На отворени простори , дрвото користено за градба мора да остане колку што е можно по суво и да биде во можност повторно брзо да се исуши.Во затворени простории , дрвените подови можат да се заштитат со разни предмети како мебел , теписи и сл. Физичка заштита на дрвото: Премазите за дрвото пружаат добра заштита од UV зрачења , дожд и влага. Хемиска заштита на дрвото Активните биоцидни состојки пружаат заштита од алги , инсекти и бубачки. Со добра конструкциска и физичка заштита , дрвото може често да биде и без оваква хемиска заштита.

Нанесување – Едноставно и сигурно

Вискока покривност Голема содржаност на пигменти. Голема содржаност на масло Се завршува со еден или два слоја – без никаков основен премаз. Тенок слој од ОСМО е доволен.

Поправки и нанесување нов слој

Поправки во затворен простор: Поправка се врши без стругање ( доколку има површински гребаници и флеки) Поправката се врши со стругање( доколку има длабоки гребаници флеки) + Се врши стругање на оштетениот дел на дрвото , не на целиот простор. Поправки во отворен простор: Osmo премазите за дрво не се лупат со тек на време само избледува. Тоа овозможува повторно премачкување без претходно стругање.

Припрема на површина

Потполно престугајте ја целата површина , притоа извадете ги и претходните премази доколку постојат. Маслените премази од други производители најцесто можат да бидат префарбани по чистењето на површината.

Add Your Comment