Osmo Holz und Color GmbH & Co. KG – YouTube
Упатство за употреба
- Препорачана финална гранулација на брусење
- За масивно дрво 150-180 , за фурнир 220-360.
- Внимателно промештајте
- Нанесете – приближно 35/40гр на м2
- Прв слој: Користејки глетарка или бел филц внимателно разнесете го маслото на целата површина , почекајте неколку минути маслото да се впие во дрвото и темелно пребришете користејки микрофибер крпа или бел филц. Оставете да исуши 12-24 часа во добро вентилирана просторија.
- Втор слој: Користејки машина за полирање со бел филц разнесете го маслото низ целата површина , почекајте неколку минути и користејки нов филц исполирајте ја површината се додека не се отсрани вишокот на масло. Оставете да исуши 12-24 часа и доколку е потребно на истиот начин нанесете трет многу тенок слој.
Совети и препораки
- Нанесувајте тенко – преголема количина на масло ке го забави процесот на сушење.
- Полирајте темелно – остатоци од масло на површината ке бидат видливи и нерамни.
- Работете во добро вентилирана просторија.
- Одржувајте и чистете со природни сретства за дрвени површини.