Компанијата „Прима Промет“ – Скопје 25 години со вас.

„Прима Промет“ претставува синоним за доверба и квалитет на македонскиот пазар во поглед на трговијата со градежни материјали. Компанијата е основана во 1995 година и своите темели ги поставува преку продажба на разновидни висококвалитетни градежни материјали: греди, даски, талпи, водоотпорни шпер плочи, иверица и блокови.

Услуги

Ние ви нудиме целосна монтажа на посакуваните производи за внатрешно уредување на деловен и станбен простор. За монтажа на вратите се грижи тим на обучени мајстори со специјализирана обука во Италија, кои се внимателно селектирани од стручниот тим на компанијата. За монтажа на понудените видови паркети се грижи Фирмата Паркет Гањо, која е основана во 2003 година, а официјален партнер станува во 2010 година. Паркет Гањо се состои од тим од монтери, опремени со нова и софистицирана опрема, кој гарантира брзо и квалитетно поставување на паркетот, како и негова завршна обработка.

Наши партнери - паркети

Компанијата „Прима Промет“ во својот изложбен салон Спачва нуди голем избор на различни видови на паркети и врати. За да им овозможиме на купувачите што поголем избор ние соработуваме со повеќе успешни фирми од регионот. За набавка на класични, двослојни и трослојни паркети соработуваме со :

Наши партнери - врати

Компанијата Прима промет преку својот погон нуди голем избор на собни и влезни врати. За изработка на вратите се користат материјали од италијанско потекло со различни дезени и бои кои ги задоволуваат вкусовите на сите наши купувачи. Погонот има капацитет да одговори на потребите на обичните купувачи, но и на инвеститорите кој градат големи објекти низ Македонија и пошироко.

Мисија

Продажба на висококвалитетни производи од реномирани компании и задоволување на барањата на потрошувачите следејки ги секогаш последните светски трендови.

Визија

Kреирање на препознатлив имиџ преку кој кај нашите потрошувачи, соработници и вработени ќе се идентификуваме како сигурен партнер кој ја заснова својата дејност на доверба, сигурност и квалитет во работењето.

ПАРТНЕРИ